20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеда на Јунајтед на гости, Ливерпул испушти два важни бода (видео)

Победа на Јунајтед на гости, Ливерпул испушти два важни бода (видео)

aa

Екипите од Манчестер Сити и Јунајтед забелажаа победи, додека Ливерпул испушти два важни бода во 20.коло, во Премиерлигата. Во воведните натпревари од ова коло победи запишаа Евертони ВБА, а шампионот Лестер освои бод кај Мидлзброу.

Ливерпул во Сандерленд испушти можност да ја материјализира саботната победа на Манчестер Сити, откако со домаќинот одигра 2:2.

„Црвените“ два пати водеа со головите на Стариџ и Мане, но Клаван и Мане му подарија два пенали на Сандарленд кои ги реализираше ветеранот Џермејн Дефо.

Манчестер Сити славеше против Барнли 2:1, иако од 32.минута играше без исклучениот Фернандињо. Бразилецот го доби третиот црвен картон во последните шест натпревари.

Клиши и Агуеро погодија за Сити во вториот дел, а Ми само го ублажи поразот. Сити на табелата има два пода помалку од Ливерпул и седум од Челзи кој свој натпревар ќе го одигра во среда.

Манчестер Јунајтед на Олимпискиот стадион во Лондон го совлада Вест Хем и ја забележа шестата победа во низа, во Премиерлигата.

Дуелот го обележаа лошите судиски одлуки, најчесто на шетата на домашната екипа. Вест Хем во 15.минута остана со играч помалку, кога Фегули доби црвен картон, иако впечатокот е дека Мајк Дин не мораше да покаже картон.

Ланзини два пати опасно се закани, но Де Хеа го спаси Јунајтед со две одлични интервенции. Половина час пред крајот Антонио не реализира нова шанса за Вест Хем, а промашувањата на домаќинот ги казно Мата во 63.минута.

Конечниот резултат го постави Ибрахимовиќ од офсајд во 78.минута, што само дополнително ги разгневи домаќините.

ВБА со пресврт во вториот дел славеше над Хал 3:1, додека Евертон во последните 15 минути постигна три гола за триумф над Саутемптон 3:0.

Во вторник ќе играат Борнмут-Арсенал, Кристал Палас-Свонски и Стоук-Вотфорд, а колото во среда ќе го комплетираат Тотенхем и Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП