8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei очекува 32% раст на приходите за 2016-та година

Huawei очекува 32% раст на приходите за 2016-та година

hu299

Кинеската технолошка компанија „Huawei Technologies“, која е еден од најголемите производители на мрежна опрема, соопшти дека очекува да оствари 32% раст на приходите за 2016-та година. Ова се должи на силното претставување на нејзините бизнис платформи, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата, која се натпреварува со шведската „Ericsson“ за првото место на пазарот на телекомуникациска опрема, прогнозира дека нејзините приходи ќе достигнат 520 милијарди јуани (74,8 милијарди долари), коментира Ерик Сју, извршен директор.

„Digital Trends“ наведува дека кинескиот гигант продолжува да бележи раст, објавувајќи рекордни продажби на клучните модели, смартфоните „P9“ и „P9 Plus“. И иако двата уреди се уште не е претставен на Запад за продажба, тоа не ја попречи компанијата да продаде над 10 милиони примероци од нив на глобално ниво. Тоа е и првиот пат, во кој „Huawei“ има продадено најмалку 10 милиони примероци од некој од предводниците.

Благодарение на тоа Концернот успеал да продаде вкупно 33 милиони смартфони за време на третиот квартал на 2016-та година, како и да се радува на зголемувањето на темпото на раст надвор од Кина и пазарниот удел во доста земји. Особено станува збор за „значителните откритија“ на пазари како Велика Британија, Франција и Германија.

Во иднина „Huawei“ очекува да продаде 12 милиони примероци oд „P9“ и „P9 Plus“ до излегувањето на новите модели, од кои дел се прогласени за 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП