26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО300 милиони евра понуда за Роналдо од Кина

300 милиони евра понуда за Роналдо од Кина

evra-ronaldo333

Неименуван кинески клуб му понудил на Реал 300 милиони евра за Кристијано Роналдо, изјавил менаџерот на фудбалерот Жорж Мендеш. Како што изјавил за Sky Italia, според таа понуда напаѓачот би заработувал повеќе од 150 милиони евра годишно.

„Од Кина на Реал му понудија 300 милиони, а на фудбалерот 150 милиони евра годишна плата. Но не е се во парите. Реал е животот на Кристијано. Тој е среќен во Реал и невозможно е да замине во Кина“, изјавил Мендеш.

Кинеските клубови изминатата година потрошија многу пари за да ги привлечат познатите фудбалски имиња. Во четвртокот, Аргентинецот Карлос Тевез, договори соработка со Шангај Шенхуа, а претходно Оскар потпиша договор со Шангај СИПГ.

„Кинескиот пазар е нов. Можат да купат многу фудбалери, но не можат да го купат Кристијано. Тој е најдобриот фудбалер во светот и најдобриот на сите времиња. Со Португалија го освои ЕП, тоа е исто како Џенова да ја освои Серија А“, дополни Мендеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП