4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИрвинг го спречи изненадувањето на Бостон

Ирвинг го спречи изненадувањето на Бостон

irving4949

Кајри Ирвинг повторно го спаси Кливленд од пораз, а Мемфис ја декласира Оклахома оставајќи го Расел Вестбрук без ниту една асистенција.

Кливленд против Бостон во последната четвртина влезе со предност од 18 поени, но противникот успеа да направи пресврт. Ирвинг во последната минута со неколку добри потези му овозможи на тимот да слави со 124:118.

Ирвинг имаше учинок од 32 поени, 12 асистенции, а „дабл-дабл“ запишаа и Џејмс (23 поени, 11 асистенции) и Лав (30 поени, 15 скокови). Кај Бостон најдобар беше Ајзеа Томас со 31 поен.

Мемфис го искористи лошиот ден на Расел Вестбрук и ја декласира Оклахома со 114:80. Вестбрук постигна 21 поен (6/19 од поле) имаше и 5 скока, но не успеа да запише асистенција. Суперстарот на Оклахома натпреварот го заврши во третата четвртина кога влезе во вербална расправија со судиите, поради што доби две технички грешки.

Шарлот забележа победа над Мајами 91:92, а Далас како гостин славеше против Лејкерси 101:89.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП