6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче загуби од Олимпијакос

Фенербахче загуби од Олимпијакос

fener-pa

Фенербахче на македонскиот интернационалец Перо Антиќ со пораз од Олимпијакос ја заврши годината. Во првите натпревари од 15.коло победи забележаа Реал, Басконија и Жалгирис.

Олимпијакос со добра одбрана успеа речиси рутински да слави над Фенербахче 71:62. Екипата за која настапува Перо Антиќ во првото полувреме успеа да постигне само 21 поен.

Олимпијакос во целост ги контролираше настаните на теренот, неколку пати имаше предност и од 20 поени, а турскиот шампион дебаклот го ублажи во последната четвртина.

Антиќ за нецели 10 минути на паркетот имаше учинок од пет поени и една асистенција.

Ефес во трилер меч загуби од Реал 78:80. Меч винер е центарот на „кралскиот клуб“ Густаво Ајон, кој на 32 секунди погоди за 78:80, а потоа во последниот напад на Ефес го блокира обидот на Томас Ертел.

17-годишниот Словенец Лука Донќиќ со 17 поени, 5 скока и 9 асистенции го предводеше Реал до победата.

Басконија во ефикасен меч славеше против Макаби 101:88. Ларкин со 13 поени и исто толку асистенции, односно Војтман со 23 и Шенгелија со 22 поени ја предводеа Басконија до десеттата победа во сезоната.

Жалгирис во Милано го изненади Армани и успеа да победи 78:70. Милакнис постигна 16, а Улановас 11 поени за победникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП