2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда го сруши и европскиот првак

Црвена звезда го сруши и европскиот првак

72654849458656c485795a135003516_w640

Кошаркарите на Црвена звезда со победа над европскиот првак ЦСКА 78:67 ставија крај на извонредната година, во која забележаа 25 победи без пораз во АБА лигата, играа четвртфинале во Евролигата, а во новата евролигашка сезона имаат скор седум победи и осум порази.

Црвена звезда пред своите навивачи сруши уште еден великан на европската кошарка. По Барселона, Макаби и Реал, Белград со пораз го напушта и актуелниот шампион ЦСКА Москва.

Регионалниот шампион одигра неверојатна одбрана во текот на целиот натпревар дозволувајќи им на Теодосиќ и Де Коло заедно да постигнат само 12 поени. ЦСКА во игра во текот на целиот меч ја држеше Воронцевич.

Црвена звезда триумфот го најави во раната фаза на натпреварот кога поведе со 13:0, таа предност ја задржа и по првите десет минути 27:14.

ЦСКА на почетокот на втората етвртина успеа да се доближи на четири поени, но Гудуриќ со седум поени ја врати двоцифрената предноста кај домаќинот. По првото полувреме „црвено-белите“ водеа 48:34.

Третиот период целосно мина во знакот на Воронцевич на едната и Кузмиќ на другата страна. Крилниот играч на ЦСКА ја намали негативата на осум поени, а Куммиќ на спротивната страна не дозволи разликата да падне под осум поени.

Последната четвртина започна неенфикасно на двете страни, домаќинот тешко го наоѓаше патото до обрачот на противникот, а ЦСКА не успеа тоа да го казни бидејќи Теодосиќ и Де Коло во нападот се обидуваа со соло акции.

Комотната предност на Црвена звезда ја врати Волтерс со пет поени во низа и два аситенции.

Домаќинот стигна повоторно до најголемите 16 поени предност, а ЦСКа поразот го ублажи во последните 30 секунди.

Кузмиќ со 16 поени и 10 скокови ја предводеше Црвена звезда, а во чекот го следеше Џенкинс со 11 поени, 3 скока, 6 асистенции и 6 украдени топки. Кај ЦСКА најефикасен беше Воронцевич со 21 поени (5/9 за три).

Црвена звезда има скор 7/8 по 15 одиграни натпревари, додека ЦСКА по вториот пораз во низа е на 12/3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП