17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовредата на Карабатиќ не е сериозна, Французите здивнаа

Повредата на Карабатиќ не е сериозна, Французите здивнаа

18009630665864d0014f998946705712_w640

Еден од најдобрите светски ракометари Никола Карабатиќ го повредил скочниот зголб, но како што соопштија од француската репрезентација, повредата не е сериозна и тој ќе биде подготвен за настап на Светското првенство кои за две недели ќе започне во Франција.

„Добро се чувствувам, повредата не е сериозна, станува збор за мало истегнување на зглобот. За да бидам во вистинската форма за СП ќе морам да внимавам на многу детали“, рекол Карабатиќ.

Франција на СП се наоѓа во групата со Полска, Норвешка, Русија, Јапонија и Бразил. Првиот меч ќе го одигра на 11.јануари против Бразил.

На ова СП ќе учествува и репрезентацијата на Македонија, која за противници во групата ги има Шпанија, Словенија, Тунис, Исланд и Ангола. Првиот меч Македонија ќе го одигра на 12.јануари против Тунис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП