Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Голден Стејт постигна 42 поени во една четвртина, Џими Батлер реализира 40 поени за Чикаго, а Џон Вол четири помалку за Вашингтон, додека Портланд ја прекина серијата од шест порази.
Кошаркарите на Голден Стејт, во дербито против Торонто, одиграа една од најдобрите четвртини во сезоната, имаа и 25 поени предност, но Торонто успеа да дојде до едноцифрена негатива, но не и посериозно да му се закани на фаворитот.
Голден Стејт во првата четвртина успеа да постигне 42 поени, а на крајот славеше со 121:111.
Стеф Кари со 28 поени и по 7 скока и асистенции беше најефикасен во домашниот тим, каде белскаше Кевин Дурент со 22 поени, 17 скокови, 7 асистенции и 5 блокади, а Клеј Томпсон постигна 21 поен.
Во редовите на Торонто тројца играчи постигнаа преку 20 кошеви: Демар Дерозан 29, Кајл Лаури 27, на кои придодаде 11 асистенции и 7 скоккови и Теренс Рос 24.
Чикаго во драматичен меч славеше против Бруклин 101:99. Мечот го реши Џими Батлер, кој поентираше со звукот на сирената. Крилото на Булси мечот го заврши со 40 поени, а со девет поени во последните 150 секунди успеа да ја анулира предноста на Бруклин од седум поени. Во редовите на Бруклин блескаше центарот Брук Лопез со 33 поени.
На другите натпревари: Њу Орлеанс изненади со триумфот над ЛА Клиперс 102:98, Сан Антонио без Кавај Ленард славеше над Феникс 119:98, Џон Вол со 36 поени го предводеше Вашингтон до победата над Индијана 111:105, Шарлот убедливо славеше во Орландо 120:101, Атланата по едно продолжение го совлада Њујорк 102:98, а Портланд против Сакраменто триумфираше со 102:89 и ја прекина серијата од шест порази.