26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусите го негираат допингот

Русите го негираат допингот

rusija-doping

Антидопинг агенцијата на Русија (RUSADA) категорчно го отфрли пишувањето на New York Times, дека во земјата постои допинг програма. Според RUSADA зборовите на високи спортски функционери биле „извлечени од контекст“, пренесува агенцијата Тасс.

RUSADA објави дека се е погрешно интерпретирано, а Кремљ најави дека ќе ја провери веродостојноста на текстот кој е објавен во New York Times и дека властите ќе истражат во кој текст се пренесени зборовите на директорката на агенцијата Ана Анцелиович.

Воедно, Кремљ уште еднаш негира дека на било каков начин е вмешан во допинг програмата.

Во последниот извештај на Светската антидопинг агенција (WADA) се наведува дека повеќе од 1.000 руски спортисти биле вклучени во допинг програмата, за која знаеле и државата, а се добивала во периодот од 2011 до 2015 година.

Некогашниот прв човек на рускиот спорт, Виталиј Смирноф, кој на таа функција беше поставен од претседателот Владимир Путин, признал дека имало грешки во системот.

„Не сакам да зборувам во има на оние кои се одговорни. Но, од мој агол, како поранешен министер за спорт и претседател на Олимпискиот комитет на Русија, сметам дека се направени грешки“, рекол 81-годишниот Смирноф за New York Times.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП