9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТомас Ринкон се договори со Рома, па потпиша со Јувентус

Томас Ринкон се договори со Рома, па потпиша со Јувентус

zzzz6666

Томас Ринкон, репрезентативец на Венецуeла, постигна договор со Рома, но кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Ринкон кој зад себе има три одлични сезони во Џенова требаше да биде првото засилување за Рома во зимскиот преоден рок, усно ја договорил соработката, а римјаните требаше да го испратат во спротивен правец до крајот на сезоната Итурбе, но во последен момент играчот се премислил и потпишал за Јувентус.

Јувентус со овој трансфер реши еден проблем во средниот ред, бидејќи еден месец ќе биде без Асамоа и Лемина кои ќе играат за своите репрезентации на Купот на Африка.

Раководството на италијанскиот шампион ќе се обиде да го донесе и Аксел Витсел, а не е исклучено „старата дама“ во јануарскиот преоден рок да тргне и по дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП