19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинезите ќе купуваат и фудбалски судии

Кинезите ќе купуваат и фудбалски судии

klatenburg3

Кинеските богаташи кои изминатиов период без пардон фрлаат на странски фудбалски ѕвезди, планираат да почнат да купуваат и фудбалски судии. Понуда за преселба во кинеската Суперлига веќе добил еден од најдобрите англиски и светски судии Марк Клатенбург (41).

Клатенбург, во вторникот, ја доби наградата за најдобар светски судија на престижните Globe Soccer Awards. Годинава тој ги судеше финалните натпревари во Лигата на шампионите, Европското првенство и англискиот ФА куп.

Во Дубаи преставниците на кинеската Суперлига испратиле свои емисари кои оствариле средба со Клатенбург.

Кинезите се свесни дека нивното првенство обилува со корупциски скандали поради што ќе се обидат да донесат странски судии, сметајќи дека на тој начин дополнително ќе го подигнат нивото на фудбалот во земјата.

Не е позната која сума му била понудена на Клатенбург, но сигурно е дека доколку тој ја прифати понудата ќе заработи мало богатство.

Изминатата година многу големи ѕвезди на светскиот фудбал се преселија во Кина, последен кој го стори тоа е Бразилецот Оскар, а се очекува и Шангај да го реализира трансферот на Карлос Тевез.

Понуди за преселба во Кина и неделна плата од 700.000 долари добија ѕвездите на Манчестер Јунајтед и Арсенал, Вејн Руни и Алексис Санчез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП