17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕкс играч на Цедевита потпиша за Далас

Екс играч на Цедевита потпиша за Далас

pjer-dzekson-696x463

Пјер Џексон, кој еден месец играше за Цедевита, успеа да најде ангажман во НБА лигата. Џексон, изминатата ноќ дебитираше за Далас во поразот од Хјустон 107:123.

Џексон за еден месец, колку што беше во Цедевита, остави изнонреден впечаток, ао просечни 20,9 поени на седум натпревари колку што одигра во АБА лигата.

Иако раководството на хрватскиот шампион имаше голема желба тој да остане во Загреб, сепак Џексон се врати во САД, со надеж дека ќе успее да добие ангажман во некој од НБА тимовите.

Во изминатиот период тој настапуваше во филијалата на Далас во развојната лига, Тексас Леџендс. Во развојната лига тој имал просечни 29 поени, 4,5 скока, 6 асистенции и 2 украдени топки по натпревар, поради што тренерот на Далас, Рик Карлајл, реши да го ангажира.

Поради доаѓањето на Џексон, Далас, му врачи отказ на Џонатан Гибсон.

Во поразот од Хјустон, Џексон, одигра десет минути и забележа 7 поени, 2 асистенции и еден скок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП