27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија го призна допингот

Русија го призна допингот

tim-rus33

Високи руски функционери прв пат признале дека постоел допинг систем, кој крена „голема прашина“ и обележа неколку големи спортски настани во годината која изминува.

Според последниот извештај, објавен на 9 декември, повеќе од 1.000 руски спортисти учествувале системскиот допинг во периодот 2011-2015 за кој знаелa и државата.

Во интервју за New York Times, високи функционери признале дека допинг програма постоела, но демантирале дека државата знаела и учествувала во тоа.

„Тоа е институционен заговор“, рекла Ана Анцелиович, актуелна директорка на Антидопинг агенцијата на Русија.

Во мај годинава, поранешниот директор на оваа институција Григориј Родченков рече дека на спортистите им бил даван коктел на стимулативни лекови, а членовите на Федералната служба за безбедност (поранешен КГБ) ги фалсификувале резултатите на тестовите и забошотиле се што се случувало на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Пресвртот кај Русите најверојатно доаѓа од желбата тие да ги нормализираат односите со Светската антидопинг агенција (WADA), односно што побргу да им овозможи на своите спортисти да се вратат на светските натпревари, како и повоторно добивање на организација на големи спортски настани, откако неодамна на Русија и беше одземена организацијата на Светското првенство во боб и скелетон.

Сепак високите спортски функционери негираат дека државата била вмешана и дека под нејзин надзор се спроведувала допинг програмата, а Ана Анцелиович истакнала дека била „шокирана од таквите наводи“.

„Направивме многу грешки“, изјавил поранешниот министер за спорт и прв човек на Олимпискиот комитет на Русија, 81-годишниот Виталиј Смирноф коментирајќи го извештајот на Мекларен објавен на 9 декември.

Самиот Мекларен изјавил дека е задоволен што Русите повеќе не ги негираат откритијата во врска со допингот, истакнувајќи дека „веројатно се мотивирани од желбата да ги прекинат понатамошните истраги“.

Но иако Смирноф и останатите ги признаа доказите кои ги изнесе Мекларен, тие во своите изјави не отстапуваат дека со измамите Русите сакале да укажат на посебниот третман кој западните земји го имаат во глобалните спортски институции.

„Дали ги видовте документите Fancy Bear?“, потсетува Смирноф на хакираните документи во кои се наоѓаат имиња на бројни спортисти кои со дозвола, поради медицински причини, користеле забранети сретства.

„Русија никогаш немала можности кои ги добиваа другите земји. Генерално мислењето во Русија е дека ние немавме никави шанси“, дополнил Смирноф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП