24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Вестбрук стигна до 15-тиот трипл дабл сезонава, тензично во Тексас

НБА: Вестбрук стигна до 15-тиот трипл дабл сезонава, тензично во Тексас

veti4399

Нов трипл дабл, 15-ти во сезоната, на Расел Вестбрук, тројката на Џо Инглс со која Јута славеше кај Лејкерси и наелектризираниот меч со осум технички грешки во Далас го обележаа НБА натпреварите одиграни изминатата ноќ.

Расел Вестбрук нема намера да ја застане со својата неверојатна серија. Вестбрук во победата на Оклахома во Мајами 106:94 имаше учинок од 29 поени, 17 скокови и 11 асистенции. Интересно плејмејкерот на Оклахома сам имаше повеќе дефанзивни скокови од целата стартна петорка на Мајами.

Тексашкото дерби во Далас мина во знакот на убедливиот триумф на Хјустон 107:123 и наелектирзираната атмосфера на теренот кој за малку не прерасна во општа тепачка.

Џејмс Харден оствари двоен ефект од 34 поени и 11 асистенции, тој беше еден од оние кои добија техничка.

„Се служеа со секакви валкани трикови. Ниту играчите, ниту нивните тренери не покажаа никаквна почит. Не знам каков е нивниот проблем, но мислам дека тие не натераа да одиграме најдобро што можеме. Со валкани трикови и „удари под појасот“ само не разбудија, потоа се беше готово“, рече Харден.

Во третата четвртина судиите досудија пет технички грешки, а исклучен беше крилниот играч на Хјустон, Тревор Ариза.

Ариза по натпреварот го чекал пред соблекувалната центарот на Далас Салах Мејири, но обезбедувањето спречило тепачка помеѓу играчите.

Јута во Лос Анџелес ја прекина серијата од три порази. Џезерите славеа против Лејкерси 102:100 со тројката на Австралиецот Џо Инглс постигната на 20 секунди до крајот на мечот.

Јута ја предводеше Гордон Хејворд со 31 поен, додека кај Лејкерси „дабл-дабл“ запиша Џулиус Рендл (25 поени, 12 скокови).

Бостон на домашен терен го совлада Мемфис 113:103. Бостон е во серија од шест победи на последните седум натпревари. Ејвери Бредли со 23 поени беше најефикасниот кај Селтикси, додека кај Мемфис најмногу поени, вкупно 26, постигна Марк Гасол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП