2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез ги „почасти“ фудбалерите со по милион евра

Перез ги „почасти“ фудбалерите со по милион евра

11177369875862a49a508b4684869618_w640

Челниците на Реал Мадрид решија на невообичаен начин да им ги честита празниците. Секој фудбалер на „кралскиот клуб“ во 2017 година ќе влезе побогат за еден милион евра.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, за трите освоени меѓународни трофеи (Лига на шампиони, Супер куп на Европа и Светско клупско првенство) реши да ги награди играчите со по еден милион евра.

Покрај паричната награда, фудбалерите добија дополнителен одмор за празниците, а клубот ќе ги награди и со автомобил „Ауди“ за учество во Купот на Кралот.

Инаку, Реал минатата сезона поради административна грешка околу регистрацијата на Черишев беше исфрлен од ова натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП