18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите на Ливерпул убедливо го совладаа Стоук

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го совладаа Стоук

8988705025862bf435ed60787376616_w640

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го совладаа Стоук со 4:1 во претпоследниот натпревар од 18. коло во Премиерлигата. Со оваа победа Ливерпул се врати на второто место на табелата со шест бодови помалку од лидерот Челзи.

Стоук подобро го отвори мечот на „Енфилд“ постигна гол преку Волтерс во 12. минута, по лошата реакција на голманот Мињоле. Неколку минути подоцна белгискиот голман се извади за грешката успевајќи да му одбрани чиста шанса на Ален.

Во останатиот дел од натпреварот Ливерпул беше тимот кој играше и го диктираше темпото, а и немилосрдно ги казни сите грешки на катастрофалната одбрана на Стоук.

Првиот кикс на дефанзивците на Стоук го искористи Лалана кој израмни на 1:1 во 35. минута. Во претпоследната минута од првиот дел Фирмино се погрижи „црвените“ со предност да заминат на одмор.

Второто полувреме донесе две големи грешки на дефанзивците на Стоук и два гола на Ливерпул.

Имбула во 59. минута најпрвин со лошо исфрлање отвори контра на Ливерпул, Ориги нафрли од десната страна, а Имбула во обид да го изблокира Мане ја погоди сопствената мрежа.

Конечниот резултат го постави Стариџ во 70. минута по катастрофалната грешка на Шокрос. Нецела минута по влегувањето во игра, Шокрос му ја подари топката, а англискиот репрезентативец лесно ја погоди мрежата на Стоук.

Ливерпул во наредното коло, на 31. декември, го игра дербито против Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП