9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на шпекулациите: Симеоне останува во Атлетико

Крај на шпекулациите: Симеоне останува во Атлетико

nintchdbpict000289632489-e1482493650835

Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, во вторникот изјави дека тренерот Диего Симеоне ќе остане во клубот и во наредната сезона. Хил Марин со оваа своја изјава става крај на шпекулациите дека популарниот Чоло ќе замине од „Винсенте Калдерон“ на крајот од сезоната.

„Тој и наредната сезона ќе биде тренер на Атлетико. Овде е пет години и логично е да остане бидејќи сме презадоволни од неговата работа. Заедно растеме, што значи дека за двете страни е најпаметно да останеме заедно уште многу години“, рекол Хил Марин во интервју за радиото La Sexta.

Семејството Хил е мнозински сопственик на Атлетико.

Диего Симеоне има договор со клубот до 2018 година, а изминатиот месец започнаа шпекулациите дека тој би можел да замине по завршувањето на сезоната. Симеоне го однесе Атлетико до две финалиња во Лигата на шампионите, но не успеа да ја освои елитната лига.

Наредната година Атлетико по 50 години ќе го напушти „Винсенте Калдерон“ и ќе се пресели на нов, ултрамодерен стадион.

Претходно, 46-годишниот Симеоне во разговор за весникот Marca рекол дека „тешко ќе биде да се најде подобар тим од Атлетико во кој би бил тренер“. „Во наредните две години договорот може да се продолжи. Зошто да не останам на ова место кое толку го сакам и каде се чувствувам добро“, дополнил Симеоне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП