3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОIFFHS: Диего Симеоне e најдобар тренер, a Фернандо Сантос e најдобар селектор

IFFHS: Диего Симеоне e најдобар тренер, a Фернандо Сантос e најдобар селектор

sanots-simeone

Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи Фернандо Сантос за најдобар селектор, а Диего Симеоне за најдобар тренер во светот во 2016-та година.

Фернандо Сантос признанието го доби бидејќи со Португалија успеа да го освои Европското првенство. Португалија во финалето славеше со 1:0 над домаќинот Франција.

Сантос добил 199 бодови, 128 повеќе од Ларс Лагербек, кој со Исланд беше најголемото изненадување на Европското првенство.

Во првите пет уште се германскиот селектор Јоаким Лев, селекторот на Велс Крис Колман и предводникот на Франција Дидие Дешамп.

Наградата за тренер на годината замина кај стратегот на мадридски Атлетико, Диего Пабло Симеоне.

Аргентинецот доби пет поени повеќе од тренерот на Реал, Зинедин Зидан. Трет во овој избор е Клаудио Раниери менаџерот на Лестер, а потоа следуваат Пеп Гвардиола, Унаи Емери, Луис Енрике, Јирген Клоп…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП