Два дена по победата над Голден Стејт, актуелниот шампион Кливленд, без Леброн Џејмс убедливо загуби во Детроит. Покрај овој меч, изминатата ноќ во НБА лигата на програмата беа уште десет натпревари, а на само два од нив победија гостинските тимови.
Тимската игра беше клуч на победата на Детроит над Кливленд 106:90. Деветмина играчи на Детроит постигнаа двоцифрен број на поени, најмногу Тобијас Херис 21, Колдвел-Поуп реализира 18 поени, а Андре Драмонд забележа 11 поени и 17 скокови.
Во редовите на Кливленд подобри од останатите беа Кајри Ирвинг со 18 поени и 8 асистенции, односно Кевин Лав со 17 поени и 14 скокови.
Вашингтон во еден од најинтересните дуели славеше против Милвоки 107:102, а белскаше на мечот Ото Портер Џуниор со 32 поени и 13 скокови.
Кајл Лаури и Демар Дерозан го предводеа Торонто до победата во Портланд 95:91. Торонто со 22 победи и осум порази е втор во Источната конференција.
Денвер изненади во Лос Анџелес со триумфот над Клиперси 106:102. Младиот српски центар Никола Јокиќ со 24 поени, 10 скокови и 4 асистенции беше најефикасниот играч на Денвер.
Покрај Јокиќ, изминатата ноќ одличен меч одигра уште еден играч од Балканот. Бојан Богдановиќ со 26 поени беше најеификасен во победата на Бруклин над Шарлот 120:118. Мечот го реши Фој со тројка во последната секунда.
Драматичен меч одиграа Сакраменто и Филаделфија. Кралевите славеа 102:100, а решавачките поени ги постигна Демаркус Казинс од линијата за слободни фрлања. Кај Филаделфија се истакнаа Хрватот Дарио Шариќ (12 поени, 9 скокови) и Шпанецот Серхио „Чачо“ Родригез (18 поени).
Џејмс Харден за три четвртини постигна 32 поени и подели 12 асистенции, а Хјустон го декласира Феникс 131:115. Двејн Вејд го предводеше Чикаго до победа над Индијана 90:85.
Резултати: Орландо-Мемфис 112:102, Вашингтон-Милвоки 107:102, Бруклин-Шарлот 120:118, Детроит-Кливленд 106:90, Чикаго-Индијана 90:85, Хјустон-Феникс 131:115, Минесота-Атланта 104:90, Њу Орлеанс-Далас 111:104, Портланд-Торонто 91:95, ЛА Клиперс-Денвер 102:106, Сакраменто-Филаделфија 102:100.