
Нова страотна несреќа однесе во смрт неколку фудбалери во Уганда откако потонал бродот со кој се превезувале.


Нова страотна несреќа однесе во смрт неколку фудбалери во Уганда откако потонал бродот со кој се превезувале.
Фудбалерите на Кевеибанде и нивните навивачи патувале на пријателски натпревар преку езерото Алберт, кога бродот од претовареност започнал да тоне.
Неофицијално, на бродот немало доволно појаси за спасување, а од вкупно 45 патници само 15 ја преживеале несреќата, деветмина се удавиле, а по останатите трагаат спасувачките екипи.
„Преживеаја само оние кои знаеле да пливаат, сѐ уште немаме официјална верзија за она што се случувало“, рекол полицискиот началник.