Фаворитите забележаа победи во 18. коло во Премиерлигата. Челзи ја запиша 12-та победа во низа и го собори клупскиот рекорд, а Јунајтед со триумфот над Сандерленд фати приклучок со водечките тимови. Арсенал долго се мачеше, но на крајот го победи ВБА.
Лидерот во Премиерлигата – Челзи нема намера да ја запре неверојатната серија. „Сините“ против Бортнум славеа со 3:0, го соборија клупскиот рекорд според бројот последователни победи. Тимот на Челзи има 12 победи на последните 12 натпревари, а гол разликата во оваа серија е 28:2.
Лидерот до победата го предводеа Педро кој постигна два гола и Азар кој погоди од белата точка.
Манчестер Јунајтед имаше проблеми со Сандерленд во првите половина час, но успеа да слави 3:1. Серијата ја отвори Блинд, потоа погоди Ибрахимовиќ па Мхитаријан, а Борини во 91. минута го постави конечниот резултат.
Арсенал се мачеше против ВБА, Санчез промаши две добри шанси во вториот дел, а минималната победа на „топчиите“ има ја донесе Ѓиу во претпоследната минута.
Актуелниот првак Лестер повторно загуби и со деветтиот пораз се доближи до опасната зона. На „Кинг Пауер“ Евертон славеше 1:0, со голот на Белгиецот Миралас.
Вест Хем започна да се искачува на табелата, тимот на Славен Билиќ не е поразен на последните четири натпревари, а во 18. коло победи убедливо кај Свонски со 4:1. Ају, Рид и Антонио ја обезбедија победата, потоа Љоренте намали на 1:3, а конечниот резултат го постави Керол.
Сем Алардајс со реми кај Вотфорд дебитираше на клупата на Кристал Палас. Кабај им донесе предност на гостите, потоа Бентеке промаши пенал, а бод на Вотфорд му донесе капитенот Дини.
Во рамките на ова коло во вторник ќе играат Стоук и Ливерпул, а во среда Саутемптон и Тотенхем.