22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар го раскина договорот со Џон Обрегон

Вардар го раскина договорот со Џон Обрегон

obregon

Фудбалскиот клуб Вардар на својата интернет страница објави дека Џон Обрегон повеќе не е член на „црвено-црните“. Македонскиот шампион и Колумбиецот спогодбено ја раскинале соработката.

Обрегон, на почетокот на сезоната, беше донесен како засилување во напаѓачкиот ред на актуелниот шампион но не ги оправда очекувањата.

Колумбиецот одигра вкупно седум натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола, сите во македонскиот Куп.

Обрегон е вториот играч со кого Вардар ја раскина соработката, претходно од клубот замина дефанзивецот Немања Мијушковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП