17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМОК одвои 40.000 долари за ракометарите

МОК одвои 40.000 долари за ракометарите

mkd-rakometari-696x463

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за предстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари.

Средства на МОК се наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на планетарна ракометна смотра.

Македонија на Мундијалот ќе игра во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Инаку македонските ракометари подготвките ги започнаа на 20.декември во Маврово. Во овој зимски центар ракометарите ќе бидат до 30.декември, кога се враќаат во Скопје, каде од 2.јануари наредната година ќе продолжат со подоготвките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП