5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООтказ доби селекторот на младата репрезентација на Србија

Отказ доби селекторот на младата репрезентација на Србија

sivic000

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) непосредно пред новогодишните празници реши да го смени селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година, Томислав Сивиќ.

„Спортски журнал“, пишува дека во понеделник челниците на ФСС и сменетиот селектор ќе разговараат за деталите околу раскинувањето на договорот.

Инаку ФСС го смени селекторот и покрај тоа што тој низ баражот успеа да обезбеди пласман на Европското првенство.

Според некои српски медиуми нов селекторт на репрезентацијата до 21 година ќе биде некогашниот фудбалер на Партизан, Гордан Петриќ, кој пред десет дена поднесе оставка на тренерската функција во Чукарички.

Европското првенство во Полска ќе се одржи од 16. до 30.јуни наредната година, а во групата Србија ќе биде еден од противниците на Македонија, покрај селекциите на Португалија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП