2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Цедевита загуби од Црвена звезда

АБА: Цедевита загуби од Црвена звезда

124348881358602a4c2d9ae555942713_w640

Кошаркарите на Црвена звезда се без конкуренција во АБА лигата, а доминаијата ја потврдија и во Зареб. Белгградскиот тим против Цедевита славеше 95:91 и по 15 натпревари го задржа максималниот ефект додека Цедевита го забележа петтиот пораз.

Цедевита го намачи лидерот, одигра добро но ниту тоа не беше доволо за победа. Домаќинот добро влезе во мечот, со добрата дефанзива по првите 10 минути стекна предност 22:13.

Џенкинс и Симоновиќ ја раздвижија Црвена звезда во нападот, Кузмиќ го контролираше рекетот и лидерот во регионалната конкуренција негативата од девет поени ја претводи во позитва од пет поени по првиот дел (33:38).

Моментумот беше на страната на „црвено-белите“ и во третата четвртина кога триото Симоновиќ-Кузмиќ-Дангубиќ креираше предност од 13 поени (44:57).

Цедевита во живот ја врати Американецот Боутрајт со помош на сонародникот Шурна. Овие двајца ја намалија разликата на седум поени на крајот третиот период (61:68).

Цедевита со шут од далечина ја намалуваше разликата и во четвртата четвртина, но на тројките на Боутрајт и Шурна одоговараа Симоновиќ и Бјелица.

На влезот од последната минута Црвена звезда со своите грешки целосно го врати противникот во мечот, но сите дилеми околу победникот ги разреши Симоновиќ кој беше беспрекорен од линијата за слобони фрлања во последните 15 секунди.

Симоновиќ со 27 поени, односно Кузмиќ со 20 поени и 10 скокови ја предводеа Црвена звезда, каде уште се истакнаа Џенкинс со 16, Дангубиќ со 13 и Јовиќ со 10 поени, 8 скокови и 7 асистенции.

Кај Цедевита блескаше Боутрајт со 30 поени (26 во второто полувреме, односно 18 во третата четвртина), а Шурна постигна 16 поени (четри тројки).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП