7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕден од најдобрите фудбалски судии досуди пенал поради играње со рака на...

Еден од најдобрите фудбалски судии досуди пенал поради играње со рака на голманот (видео)

rizaspor-cakir

Еден од најдобрите фудбалски судии на светот, Турчинот Чунејт Чакир направи несфатлива грешка на натпреварот од 16-то коло од турското првенство меѓу Ризеспор и Османлиспор (0-1).

Имено, Чакир досуди пенал за Ризеспор во 65 минута откако во гостинскиот казнен простор со рака играше голманот на Османлиспор, Џудраунас Карчемарскарс.

По нафрлувањето од слободен удар домашниот играч Патрик Тужински шутираше со глава, а топката го погоди во рака гостинскиот голман. Чакир, меѓутоа, на вџашување на гостите покажа на белата точка. Иако бише очигледно дека со рака играше гостинскиот голман, помошникот на главниот арбитер на таа страна, Бахатин Дуран не реагираше.

Домаќинот не го искористи подарокот, бидејќи гостинскиот голман го одбрани ударот на Јантчер.

Османлиспор на крајот победи минимално, а победничкиот гол го постигна Муса Чагиран во судиското продолжување, исто така, од пенал. Кај оваа најстрога казна немаше дилеми.

Чакир со години е еден од најдобрите фудбалски судии на светот. Минатата годија го судеше финалето во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Јувентус (3-1), пред две години полуфиналето на Светското првенство меѓу Аргентина и Холандија, а во 2012-та ја делеше правдата на финалето од клупското светско првенство меѓу Коринтианс и Челзи (1-0).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП