28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБритански боксер по вторпат се разбуди од кома

Британски боксер по вторпат се разбуди од кома

nick-blackwell-696x392

Поранешниот британски боксер Ник Блеквел, инаку 26-годишен, се разбуди од кома еден месец откако се здоби со тешка повреда на главата за време на спарингување на кој не смеел ниту да учествува, бидејќи во април годинава се пензионираше по операцијата на главата и тешката повреда на мозокот со која се здоби во борба на почетокот од годинава.

Речиси е неверојатно звучи приказната на поранешниот британски шампион во полутешка категорија кој во интервал од шест месеци двапати тешко настрада во рингот, и двата пати завршувајќи во кома по што е опериран, но за среќа и претходно и сега се разбуди од кома. За жал, лекарите сметаат дека по втората операција ќе има трајни последици, можно дури и парализа.

Ник Блеквел во март оваа година во Лондон ја бранеше титулата британски првак во полутешка категорија против Крис Јубенк Џуниор, која беше третата одбрана на титулата во кариерата. Блеквел во таа борба доби серија силни удари, а борбата беше прекината во 10-та рунда откако лекарот процени дека Блеквел не може да го продолжи мечот поради отокот над неговото лево око. Младиот Англичанец по борбата падна како покосен и беше одвезен во болница поради крварење во мозокот по што заврши во индуцирана кома. На крајот закрепна, но кон крајот на април го објави прекинот на својата кариера.

Блеквел доби тренерска лиценца и започна да работи со младите категории боксери. Меѓутоа, во ноември повторно влезе во рингот и тоа како спаринг партнер на Хасан Каркарди кој се подготвуваше за мечот против Криз Хобс. Во текот на спарингувањето се урна и итно за пренесен во болница каде лекарите морале да му отстранат дел од черепот за да го намалат притисокот во мозокот. Повеќе од еден месец беше во кома, а се разбуд на самиот ден Божик, според грегоријанскиот календар.

„Тоа е божикно чудо. Нé дочека со насмевка. Меѓутоа, пред Ник е долго закрепнување, а прашање е со какви последици ќе биде тоа. Во овој момент тоа е неверојатната вест, тој е борец во срцето, сигурно“, изјави неговиот татко Џон Блеквел.

Засега никому не му е јасно зошто Блевел воопшто влегол во рингот, знаејќи низ што сé минал по борбата со Јубенк кој неговиот потег го опиша како „апсолутно лудило“.

„Никому не е јасно зошто Ник повторно влегол во рингот. Сфаќам колкава може да биде љубовта кон спортот, бидејќи и јас ја носам таа љубов. Но постои разлика меѓу љубовта кон спортот и ова што тој го стори. Јас тоа не можам да го сфатам. Тоа е срамот, но се надевам едека ќе закрепне и ќе извлече поука од своите грешки“, изјави Јубенк Џуниор.

Британската асоцијација Boxing Board of Control (BBBC) отвори истрага, а Хасан Каркарди и неговиот тренер Лиам Вилкинс се суспендирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП