Аргентискиот фудбалер во дресот на Барселона Лионел Меси е најефикасен фудбалер во петте најсилни лиги во 2016 година, додека најефикасен голман е Словенецот Јан Облак од Атлетико Мадрид.
Меси во 2016 година постигнал 51 гол за Барселона во исто толку настапи, додека во дресот на „гаучосите“ на 11 натпревари дал осум голови.
На второ место е неговиот тимски колега Луис Суарез, кој во 49 настапи за Барселона дал 48 голови и уште три за уругвајската репрезентација.
Кристијано Роналдо е трет со 42 гола во 44 настапи за Реал мадрид, додека во репрезентацијата на Португалија постигнал 13 голови во 13 настапи.
Топ 5 најефикасни фудбалери во петте најсилни лиги во Европа ја затвораат Златан Ибрахимовиќ, кој за ПСЖ и Манчестер Јунајтед постигна 39 голови, како и Уругваецот Едисон Кавани кој за ПСЖ постигнал 34 голови.
Листата на голмани ја предводи Словенецот Јан Облак, кој во дресот на Атлетико Мадрид дури 29 натпревари не примил гол.
Втор е голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, со 22 мечеви без примен гол, а трет е Мануел Ноер кој на голот на Баерн останал несовладан 21 меч.