3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлардајс е замената за Пардју на клупата на Кристал Палас

Алардајс е замената за Пардју на клупата на Кристал Палас

samco3939

Сем Алардајс е нов менаџер на Кристал Палас, објави премиерлигашот на својата интернет страница.

Поранешниот англиски селектор на клупата на Кристал Палас го наследи Алан Пардју кој доби отказ во четвртокот поради лошите резултати.

Алардајс минататa сезона успеа со Сандерленд да избори опстанок, а потоа беше именуван за селекторт на Англија.

Селектор беше само на еден натпревар, а потоа поднесе оставка поради скандалот кој беше откриен од медиумите, односно снимката на која се гледа Алардајс како советува наводни менаџери како да ги заобиколат трансфер правилата во Премиерлигата.

Пардју со Кристал Плас успеа да освои само 15 бодови од почетокот на сезоната поради што клубот е на 17-то место на табелата, блиску до зоната на испажање.

Дебито во новиот клуб Алардајс може да го има в понеделник кога Кристал Палас ќе гостува кај Вотфорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП