21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКире Лазаров и Лина Ѓорческа спортисти на Македонија за 2016

Кире Лазаров и Лина Ѓорческа спортисти на Македонија за 2016

lazar999

Ракометарот Кирил Лазаров и тенисерката Лина Ѓорческа се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во 2016 година.

Во традиционалниот избор на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт лауреати се и Благоја Милевски, младата фудбалска репрезентација на Македонија, женската ракометна репрезентација, Шаховската федрација на Македонија, Филип Талевски, Моника Пендаровска и Оливера Наковска-Бикова.

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, трет пат во кариерата е добитник на наградата за најдобар спортист на Македонија.

„Наградата преставува огромна чест. Ние во ракометот имавме една турбулентна година, но мораме да учиме од грешките. Имаме потенцијал, знам дека Македонија не треба да се грижи за иднината. Верувам дека ќе направиме многу успеси во 2017 година“, рече Лазаров.

Лина Ѓорческа прв пат во кариерата ја доби оваа награда, таа е првата Македонка која настапила на еден гренд слем турнир.

„Благодарам на сите кои ми помогнаа да стигнам тука. Се надевам дека довербата ќе ја оправдам веќе на Австралија Опен. Им посакувам среќа на младите фудбалери на ЕП. Би сакала наредната година да биде исполнета со уште повеќе спортски успеси и повторно да се видиме тука“, рече Ѓорческа.

spor993

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ:

НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН КЛУБ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА: ОУ „Гоце Делчев” од општина Илинден

НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА: Гимназија „Гоце Делчев” од Куманово

НАЈДОБАР УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ КЛУБ: Женски Ката карате тим во борби од Универзитет „Кирил и Методиј”

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Филип Талески (ракомет)

НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Моника Пендаровска (карате)

НАЈДОБАР СПОРТИСТ НА ЛИЦЕ СО ИВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска – Бикова (стрелаштво)

НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Фудбалска репрезентација до 21 година

НАЈДОБАР СЕЛЕКТОР: Благоја Милевски

НАЈУСПЕШНА НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА: Карате Федерација

СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Лина Ѓорческа (тенис)

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Кире Лазаров (ракомет)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП