4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан го освои Суперкупот (видео)

Милан го освои Суперкупот (видео)

1662738160585d8735f2d45660063822_w640

Фудбалерите на Милан го освоија италијанскиот Суперкуп. Финалето се одигра во Доха, а Милан го победи Јувентус по изведувањето на пенали. Натпреварот по 120 минути заврши 1:1, а пенал рулетот Милан го доби со 4:3.

Јувентус притисна од самиот старт и подобрата игра ја круниса со гол во 19.минута, кога Кјелини го совлада Донарума. Претходно голманот на Милан го одбрани ударот на Стураро, а дефанзивецот топката ја врати во голот.

По примениот гол Милан ја презеде контролата врз играта и успеа да израмни преку Бонавентура во 39.минута.

До крајот на регуларниот дел Милан беше подобрата екипа, а шансата на мечот ја пропушти Бака. Колумбиецот во 83.минута од пет метри не успеа да го совлада Буфон кој со волшебна интервенција го спаси својот гол.

Во дополнитeлните 30 минути првата шанса ја имаше Милан преку Шпанецот Сусо, но Буфон одново ја сочува својата мрежа.

Јувентус можеше да стигне до победата во 117.минута, но Дибала од десетина метри биеше високо над голот.

Во пенал серијата за Јувентус погодија Маркизио во првата, Игуаин во третата и Кедира во четвртата серија, Манџукиќ во втората серија ја погоди гредата, а во последната серија Донарума го одбрани ударот на Дибала.

Кај Милан само Лападула промаши во првата серија, Буфон му го одбрани пеналот, а потоа сигурни реализатори беа Бонавентура, Куцка, Сусо и Пашалиќ.

Милан во Доха го освои својот шести трофеј во Суперкупот, а Јувентус остана на седум титули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП