21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА сака Светско првенство со 48 репрезентации

ФИФА сака Светско првенство со 48 репрезентации

fifa1

Најдобар и најпрофитабилен формат на натпреварување на Светското првенство е оној со 48 екипи, поделени во 16 групи, се наведува во истражувањето на Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА), наведе AP.

Во истражувањето, во кое имала увид агенцијата AP, пишува дека постоечкиот формат од 32 екипи пружа најдобар квалитет на фудбалот на Мундијалите, но дека сепак подобро се рангира предлогот на претседателот на ФИФА Џани Инфантино, кој сака на турнирот да учествуваат 48 репрезентации поделени во 16 групи.

Тој се залага за формат „16х3“ на Светското првенство во 2026 година.

ФИФА наведе дека тој формат може да понуди „најмногу материјални нематеријални вредности“.

Се проценува дека форматот од 80 натпревари за 32 дена би можел да донесе до 20 отсто поголема заработка од емитерите, спонзорите и продажбата на влезници.

ФИФА наведе дека гласањето по предлогот на форматот закажано за 10 јануари „не би требало да биде финансиска одлука“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП