Одбојкарските репрезентации на Полска и Србија, во август, ќе го отворат Европското првенство на Националниот фудбалски стадион во Варшава, соопшти CEV.
Полска и Србија уште еднаш ќе одиграат одбојкарски натпревар пред рекорден број на гледачи, бидејќи на 31.август 2014 година дуелот на овие две селекции на отворањето на Светското првенство го следеа 61.500 гледачи.
За отворањето на Европското првенство капацитетеот ќе биде зголемен и се очекува на трибините да има рекордни 70.000 гледачи.
Континеталниот шампион за одбојкари, ќе се одржува од 25.август до 3.септември во Краков, Гдањск, Катовице и Шќеќин.
Полска и Србија партиципираат во А групата заедно со Естонија и Финска.