22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООскар од Челзи во Шангај за 60 милиони фунти

Оскар од Челзи во Шангај за 60 милиони фунти

skysports-chelsea-oscar-premier-league_3857825

Лидерот во англиската Премиерлига Челзи го договори трансферот на Бразилецот Оскар во кинески Шангај.

Трансферот на Оскар е рекорден за клубот од „Станфорд Бриџ“ бидејќи зинесува 60 милиони фунти. Претходниот рекорд на клубот беше продажбата на Давид Луис во ПСЖ за 42 милиони фунти.

Оскар во Челзи пристигна од Интернасионал од Порто Алегре пред четири години за сума од 25 милиони фунти. Бразилецот за Челзи има одигра 203 натпревари, на кои постигна 38 голови. Оваа сезона тој е втор план бидејќи не се вклопува во тактичките замисли на менаџерот Антонио Конте.

Оскар во Кина ќе се пресели по Новата година, кога официјално ќе стане 11-от најскап фудбалер на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП