17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Сан Антонио загуби во дуелот со Клиперс

НБА: Сан Антонио загуби во дуелот со Клиперс

clipi-sa33

ЛА Клиперс славеше против Сан Антонио во НБА дербито одиграно изминатата ноќ. Покрај Клиперси победи забележаа Голден Стејт, Бостон, Њујорк и Мајами.

Тимската игра и добриот учинок на кошаркарите од клупата беа клучни за триумфoт на Клиперси во дербито против Сан Антонио. Домаќинот решавачката предност ја стекна во воведните минути од последната четвртина.

Крис Пол го предводеше тимот со 19 поени, седум скокови и шест асистенции, а од стартерите по 11 поени постигнаа Џеј Џеј Редик и Деандре Џордан. Знaчајна улога во победата на Клиперси имаа резервистите Морис Спејтс (14 поени, 7 скока, 5 асистенции), односно Рејмонд Фелтон (13 поени).

Гостите од Тексас ги предводеше Кавај Ленард со 27 поени, девет скокови и пет асистенции, а двоцифрен број на поени постигнаа уште Пау Гасол (21), одноcно Ламаркус Олдриџ и Дени Грин (по 11).

Голден Стејт забележа рутинска победа во Бруклин 117:101 и ја задржа лидерската позиција во лигата (25 победи и 4 порази).

Кевин Дурент постигна 26 поени, Клеј Томпсон 23, а Стеф Кари и Заза Пачулија по 15 кошеви, а Грузиецот имаше и 14 скокови. Единствен кој одигра нешто кај Бруклин беше Брук Лопез кој беше стрелец на 28 поени.

На другите натпревари Индијана загуби од Бостон 102:109, Ајзеа Томас постигна 28 поени, Њујорк славеше против Орландо 106:95, а Мајами беше подобар од Лејкерси 115:107.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП