17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена Звезда го совлада Реал

Црвена Звезда го совлада Реал

1385153774585c1fa6e6e91558368759_w640

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Реал 82:70 во натпревар од 14.коло во Евролигата. Белградскиот тим ја забележа шестата победа, а Реал петтиот пораз во Евролигата.

Црвена звезда со тимска игра, пред сѐ во одбраната, успеа да слави против фаворитот Реал, чии играчи не го издржаа притисокот што го создадоа навивачите на „црвено белите“.

Српскиот и регионалниот шампион успеа да ги добие сите четвртини, а клучната предност ја направи во средишницата од втората четвртина и резултат 22:25, кога со серија 14:0 ја оствари првата двоцифрена предност.

Реал се обиде во вториот дел да ја анулира предноста, неколку пати разликата ја намали на три поени, но противникот секогаш успеваше да ги одбие нападите. Во еден момент од последната четвртина Црвена звезда имаше предност и од 18 поени.

Победникот го предводеа Симоновиќ со 20, Гудуриќ со 12, Јовиќ со 11 и шест асистенции, односно Кузмиќ со 11 и осум скокови.

Кај Реал во чии редови ги немаше Руси Фернадез, Мачиулис и Хантер, единствен кој одигра на ниво беше Тејлор. Американецот го одигра својот најдобар меч во последните две сезони, постигна 25 поени (7/10 тројки).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП