22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛорис го продолжи договорот со Тотенхем до 2022 година

Лорис го продолжи договорот со Тотенхем до 2022 година

hi-res-e19969ef4dcd7faf7f39155ec0498644_crop_north

Тотенхем го продолжи договорот со Уго Лорис до 2022 година. Францускиот голман пред четири години пристигна во клубот од Лион.

Едномесечните преговори помеѓу Тотенхем и капитенот Лорис завршија успешно, откако двете страни договорија продолжување на договорот до 2022 година. Финансиските детали од договорот клубот не ги објави.

Лорис во кариерата има одиграно 189 натпревари за клубот од „Вајт Харт Лејн“. Минатата сезона тој настапи на 37 од 38-те натпревари во Премиерлигата, на кои прими 35 голови што е најмалку во историјата на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП