9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајтажни победници, Шапекоенсе го подигна трофејот во Копа Судамерикана

Најтажни победници, Шапекоенсе го подигна трофејот во Копа Судамерикана

titula3

Шапекоенсе, клубот кој во трагичната авионска несреќа го загуби речиси целиот тим, синоќа го доби трофејот за победник во Копа Судамерикана иако никогаш не стигнаа да го одиграат финалниот двомеч против Атлетико Насионал.

Трагичната авионската несреќа на 28.ноември однесе 71 живот, меѓу кои беа 18 играчи и тренерот на Шапекоенсе. Несреќата го доведе во прашање дури и опстанокот на клубот, но од целиот свет веднаш започнаа да пристигнуваат пораки на поддршка и најава на некои играчи дека со задоволство ќе го облечат дресот на овој клуб за да му помогнат што побргу да се извлече од несреќата која го снајде.

Се кулминираше со пораката од несудениот противник во финалето Атлетико Насионал, кога челниците и играчите на колумбиската екипа побараа трофејот да му биде доделен на Шапекоенсе.

Синоќа претседателот на Шапекоенсе го подигна историскиот трофеј. Со голема болка во гласот претседателот на клубот Девид Фиљо замоли овој трофеј и титулата неговиот клуб да ја подели со Атлетико Насионал, го повика нивниот преставник на бината, а потоа заедно го кренаа трофејот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП