22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд ја одбрани честа на домашните екипи

Кливленд ја одбрани честа на домашните екипи

elbri3

Речиси совршена ноќ имаа тимовите кои гостуваа во НБА лигата, откако победи забележаа Минесота, Сакраменто, Далас, Хјустон, Вашингтон, Оклахома и Мемфис. Честа на домашните тимови ја спаси шампионот Кливленд.Индивидуално повторно блесна Расел Вестбрук со 42 поени за Оклахома.

Карл-Ентони Таунс забележа 17 поени и 18 скокови, Ендрју Вигинс уфрли 19, а Зек Лавин 18 поени во триумфот на Минесота во Атланта 92:84. Атланта ја предводеа Денис Шредер со 21 поен, односно Пол Милсап со 18 поени и 10 скокови.

Хјустон, предводен од Џејмс Харден (27 поени, 14 асистенции) победи во Феникс 125:111, додека Расел Вестбрук со 42 поени, 10 скока и 7 асистенции беше најзаслужниот за триумфот на Оклахома во Њу Орлеанс 121:110. Во поразениот тим блескаше Ентони Дејвос со 34 поени и 15 скокови.

Демаркус Казинс претходната вечер постигна 55 поени, а во наредниот меч со поени од линијата на слободни фрлања му донесе нова победа на својот тим. Кралевите славеа кај Јута 94:93, а по слично сценарио Далас победи во Портланд 96:95.

Кливленд славеше против Милвоки 113:102. Леброн Џејмс постигна29 поени, а Кајри Ирвинг имаше учинок од 31 поен и 13 асистенции. Двајца се истакнаа и кај Милвоки, Јанис Адетокумбо (28 поени) и Џабари Паркер (27 поени). крај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП