18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.12.016

Дневен хороскоп 22.12.016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се обидувате да се дистанцирате од се што бара ваше мислење, а што може да ве доведе во судир со околината. Дали вреди поради тоа да се карате со вашите пријатели и да го раскинувате пријателството. Бидејќи ништо не постигнувате туку само се нервирате, одбирајте неутрални теми за разговор. Имате време и за дружење – особено љубовно.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Биковите од првата декада ќе имаат неочекуван пресврт на работен план. На почеток на тоа ќе гледате со недоверба и резерва бидејќи нема да сакате никакви промени. Сепак набрзо ќе видите дека има поволни услови за тоа. Финансиската ситуација е одлична. Некои од вас ги очекуваат помали здраствени проблеми.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете доста силни и способни да се справите со денешните проблеми кои ве очекуваат на работното место. Ќе се обидувате набрзина и без многу размислување да го остварите тоа што сте го наумиле без многу обзир кон другите. Во контактите со соработниците бидете тактични и трпеливи.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Малите расправии со претпоставените нема да бидат причина за лошото расположение кое ќе ве прати во текот на денот. Вистинската причина е на друго место и тоа највероватно во љубовта. Односите со партнерот ги заладивте и тоа по ваша вина. Извинете се и обидете се да ја поправите грешката што сте ја направиле.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Исполнети сте со оптимизам и елан за работа. Ќе имате нови шанси за некое патување или нови пријателства, а ако сте слободни можеби и некоја личност ќе ве заинтересира, оние кои се во врска можеби ќе си дозволат флерт. Овој ден ќе биде незаборавен особено за оние Овнови од втората декада.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Искористете ја интуицијата и креативноста на вистински начин доколку сакате да бидете задоволни. Во спротивно ќе си мислите дека убави работи им се случуваат само на другите. Уживајте во општествениот живот и не ја отфрлувајте љубовта од себе. Некој колега се обидува да ве заведе.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се е мирно, но вие не сте задоволни, зошто не е се онака како што би сакале вие. Изненадувањата кои ќе ви ги подготват пријателите или можеби вашиот партнер ќе ви го поправат расположението. Поради емотивната нестабилност ќе бидете нервозни, па би требало да бидете повнимателни за да не и наштетите на љубовната врска.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес за работите кои ви се секојдневица ќе имате мали потешкотии. Меѓутоа нема да бидат пречка во реализирањето на проектите. Многу од вас ќе мора да прифатат промени кои можат да бидат напорни. Најважно е да ја проанализирате ситуацијата бидејќи вистинските прилики често не се она што се замислува.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои најверојатно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобрува. Над сето тоа ќе бидете немирни, незадоволни и склони кон расправи, но околината ќе биде толерантна кон вашите провокации.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Пред вас е исклучително креативен и успешен ден во секој поглед. Особено ќе ве израдува некоја материјална добивка која не сте ја очекувале. Бидејќи претерувате со работата и во неа вложувате многу сила, кон крајот на денот можна е напнатост. Ќе се ослободите од неа доколку се сетите на саканото суштество и пријателите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Со фантазијата воопшто немате проблеми. Таа навистина е бујна, но никако да тргнете во акција и нешто од тоа што постојано ви се врти во главата да почнете да го реализирате. Многу мал број припадници на знакот ќе реализираат нешто минимално. Останатите ќе мораат уште долго да го преиспитуваат сопственото однесување и да побарааат одговор.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Нема да имате причина за незадоволство, недоверба и стравови. Пред вас е бурен ден во кој можете да ги реализирате повеќето желби, како на работа така и на љубовен план. Особено слободните претставници ќе имаат среќа во љубовта, па затоа бидете подготвени за почеток на една љубовна врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП