28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер го совлада Лацио (видео)

Интер го совлада Лацио (видео)

1532564558585af68a42bcd662549526_w640

Интер го совлада Лацио со 3:0 во вториот меч од 18.коло во италијанската Серија А. Интер со третата победа во низа, четврта во последните пет кола се искачи на седмото место на табелата.

На „Џузепе Меаца“, Интер го скрши Лацио со три гола во второто полувреме. Прашањето на победникот „неро азурите“ го решија со два гола за 120 секунди, во 54. и 56.минута голови постигнаа Банега и Икарди.

Десет минути по водството од 2:0, Икарди со својот вто гол стави точка на натпреварот.

Колото в четврток ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварите: Каљари-Сасуоло, Фиорентина-Наполи, Палермо-Пескара, Рома-Киево, Сампдорија-Удинезе и Торино-Џенова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП