19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Квитова шест месеци надвор од терените

Поради повреда Квитова шест месеци надвор од терените

petra-kvitova-attack3-jpg-size-custom-crop-1086x750

Чешката тенисерка Петра Квитова ќе отсуствува од турнирите шест месеци, поради повредата со која се здоби откако крадец влезе во нејзиниот дом и ја нападна со нож.

Крадецот, во вторникот, влезе во домот на двократната шампионка на Вимблдон и со нож и нанел тешки повреди на левата рака, поради што таа итно мораше да биде оперирана.

Оперативниот зафат траел речиси четири часа, бидејќи и биле оштетени нервите и тетивите.

Доколку рехабилитацијата се одвива според предвиденото Квитова за три месеци ќе може да започне со тренинзи.

Инаку, крадецот од куќата на Квитова однел 160 евра, а полицијата сѐ уште трага по него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП