2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАустралијан Опен со најголем награден фонд досега

Аустралијан Опен со најголем награден фонд досега

australian-open-tickets

Организаторите на првиот гренд слем во сезоната, Аустралијан Опен, соопштија дека наградниот фонд е зголемен за 14 отсто и изнесува 36,2 милиони долари.

Во соопштението се наведува дека победниците во сингл, во машка и женска конкуренција, ќе заработат по 2,68 милиони долари.

Тенисерите, односно тенисерките, кои ќе испаднат во првото коло ќе заработат по 36.220 долари.

Од гренд слем турнирите најголем награден фонд има последниот кој се игра во Њујорк. На овој турнир наградниот фонд изнесува 46,3 милиони долари, а победниците добиваат по 3,5 милиони долари.

Аустралијан Опен започнува на 16.јануари, а титулите ги браната Новак Ѓоковиќ во машка и Анжелик Кербер во женска конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП