13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортланд не можеше да го запре Казинс (видео)

Портланд не можеше да го запре Казинс (видео)

kazins333

Демаркус Казинс го одигра најдобриот меч во својата НБА кариера со што ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Покрај Казинс, идивидуално се истакна и Леброн Џејмс, кој му донесе на Кливленд победа во продолжениeто против Милвоки и се искачи на осмото место на вечната листа на најдобрите стрелци. Во дербитона Тексас Сан Антонио ја прекина победничката серија на Хјустон.

Демаркус Казинс за многумина е најдобар центар во НБА лигата, но поради „лудата глава“ не секогаш го покажува високиот потенцијал. Против Портланд, Казинс го предводеше Сакраменто до победата 126:121 со 55 поени (17/28 за два, 5/8 за три) 13 скокови и три блокади.

Мечот сепак го обележа неговата реакција кога во финишот на мечот, при резултат 119:119, тој погоди тројка под фаул, а потоа се сврте и плукна кон клупата на противникот. Поради овој потег судиите го испратија во соблекувалната, а тој лут го искина дресот.

Недолго потоа судиите ја сменија својата одлука и Казинс се врати на теренот и го реализира дополнителното слободно фрлање.

Крај на серијата од десет победи во која се наоѓаше Хјустон стави ривалот од Тексас Сан Антонио. Дени Грин и Пети Милс погодија тројки во финишот со кои Сан Антонио славеше 102:100.

Ленард со 21 поен, односно Олдриџ со 17 поени и 10 скокови ги предводеа Спарси, додека Харден со 31 поен, 10 скокови и 7 асистенции беше најдобар кај Хјустон.

Кливленд во Милвоки, на домашниот тим, му се реваншира за неодамнешниот пораз. Предводени од Леброн Џејмс (34), актуелните шампиони славеа по едно продолжение со 114:108.

Џејмс со учинокот на овој натпревар го мина Мосес Мелоу на листа на најдобри стрелци и сега се наоѓа на осмата позиција на вечната листа.

„Кралот Џејмс“ во досегашната кариера има постигнато 27.412 кошеви, а следен на листата кој се наоѓа пред него е Шекил О’Нил (28.596).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП