17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДел Порто нема да игра на Аустралијан Опен

Дел Порто нема да игра на Аустралијан Опен

1490548368585a2d874aae6233379972_w640

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро изјавил дека шансите тој да заигра на првиот грен слем во сезоната, Аустралијан Опен, се минимални.

Дел Потро ќе одигра два егзибициски меча против Давид Ферен на 27 и 28.декември во Мар дел Плата.

„Потребен ми е некој кој ќе ме подоготви за да можам да ја издржам целата сезона. До Аустралијан Опен има уште две недели и тешко е дека физички ќе бидам подготвен. Секогаш ги гледам приоритетите, ако тенисот ме чекаше две години, тогаш Австралија може да ме почека уште една“, рекол Аргентинецот.

Дел Потро посочил дека веројатно нема да настапи ниту на мечот од првото коло во Девис купот против Италија на почетокот на февруари. Аргентина против Италија ќе ја започне одбраната на титулата во ова натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП