11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија Дортмунд се подалеку од борбата за титулата (видео)

Борусија Дортмунд се подалеку од борбата за титулата (видео)

hd-borussia-dortmund-celebrate_mqz66cdj4hgy17zqqqs55gggt

Борусија Дортмунд се оддалечи од борбата за титулата во Бундеслигата откако во првите натпревари од 16.коло не успеа да го совлада Аугсбург.

„Милионерите“ од Дортмунд заостануваат девет бодови зад лидерот Баерн, кој својот натпревар од оваа рунда ќе го одигра в среда. Аугсбург со голот на Кореецот Донг Вон стигна до предност во 33.минута, а израмни Дембеле на самиот почеток од второто полувреме.

Хамбургер забележа значајна победа во борбата за опстанок. Домапниот тим со головите на Милер и Вуд го совлада Шалке 2:1. Играчите на Хамбургер при резултат 1:0 не реализираа пенал.

Ајнтрахт заедно со Лајпциг е најпријатното изненадување сезонава во Бундеслигата. Тимот кој го предводи поранешниот хрватски селектор Нико Ковач, со убедливиот триумф над Мајнц од 3:0 се искачи на третото место на табелата. Два гола за Ајнтрахт постигна Хргота, а еден Баркок. Мајнц од 55.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кордоба.

Волфсбург со триумфот во Менхенгладбах најави излез од кризата, а на тренерот на Борусија Шуберет веројатно му врачи отказ. Калиџури го постигна првиот гол, потоа израмни Торган Азар, а конечните 1:2 ги постави Марио Гомез.

Колото в среда ќе биде комплетирано со натпреварите Келн-Баер Леверкузен, Баерн Минхен-Лајпциг, Херта-Дармштат, Хофенхајм-Вердер и Инголштат-Фрајбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП