Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, од Загреб уште еднаш потврди дека европската куќа на фудбалот не размислува за покренување на Балканска лига, во која би игралe клубови од просторите на поранешна Југославија.
Изминатите недели, медиумите од регионот, многу пишуваа за формирањето на лигата, која УЕФА финансиски би ја поддржала.
„Некои локални фудбалски функционер преставил своја идеа најпрвин во хрватските медиуми и потоа тргна приказната дека регионалната лига е веќе договорена работа и дека УЕФА подготвила и финансиски сретства за неа. Повторувам не е договорена никаква регионална лига, никакви пари не подготвила УЕФА. Оваа приказна тргна од господинот од македонскиот сојуз, кој на ниту еден начин не е поврзан со УЕФА. Доколку некој друг независно од УЕФА сака да организира таква лига тоа е веќе различна работа“, рекол Чеферин во ЗАгреб.
Приказната дека стартот на лигата е договорена работа, дека истата ќе ја поддржи УЕФА, тргна од Васил Дојчиновски и неговото интервју за загребски „Вечерњи“.