18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ Скопје без Кларк во следните три седмици

МЗТ Скопје без Кларк во следните три седмици

klark-696x469

Британскиот крилен центар, играч на МЗТ Скопје Аеродром, Даниел Кларк, поради повреда ќе биде надвор од кошаркарските терени во наредните три недели, објави клубот на својата интернет страница.

Кларк доби удар во листот на левата нога во финишот од неодамнешниот натпревар против Гран Канарија, поради што не настапи на саботниот меч на домашен терен против Црвена звезда.

По направената рентгенска снимка, тој има „руптура на мадијалната глава на гастрокнемичниот мускул во неговиот дистален аспект на левата страна“.

Неговото враќање во тимот од „Јане Сандански“ се очекува дури на средбата против Задар, која ќе ја одиграме на домашен терен кон средината на следниот месец, што значи дека сигурно ќе ги пропушти дуелите со Партизан, Цедевита и Цибона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП