19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург ги засили своите редови со Иранецот Јусефинеџад

Металург ги засили своите редови со Иранецот Јусефинеџад

iranec33

Иранецот Амин Јусефинеџад е нов играч во редовите на ракометниот клуб Металург. Јусефинеџад (20) е стандарден сениорски репрезентативец на Иран и игра на позиција лев бек.

Репрезентативецот на Иран со македонскиот вицепрвак потпиша три иполгодишен договор, кој завршува на 30 јуни 2020 година.

„Кога размислував за почетокот на својата европска кариера, веднаш ми беа посочени Металург и Лино Червар, како средина и тренер најпогодни за работа со млади ракометари. Затоа брзо најдов заеднички јазик со мојот нов клуб и среќен сум што ќе имам можност овде да ги реализирам своите ракометни амбиции. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на раководството на клубот“, изјавил Јусефинеџад за интернет страницата на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП