5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАл Стар натпреварот доби нов начин на гласање

Ал Стар натпреварот доби нов начин на гласање

alstar330

НБА лигата ја прифати идеата на најголемиот дел на кошаркарите и реши да воведе измени во начинот на кој се избираат играчите за Ал Стар натпреварот.

Долги години стартните петорки на Источната и Западната конференција ги бираа навивачите со своите гласови, додека тренерите ги бираа резервите.

НБА лигата реши навивачите и понатаму да бидат дел од изборот на стартните петорки, но нивното влијание ќе биде намалено на 50 отсто, додека по 25 отсто од гласовите ќе доаѓаат од играчите и новинарите.

Кошаркарите ќе можат да гласат и самите за себе, но и за своите соиграчи, а стандардно ќе се бираат по тројца играчи на позициите од 3 до 5 и двајца бекови.

Причина за реакцијата на играчите беше гласањето за последниот Ал Стар, кога Грузиецот Заза Пачулија „за влакно“ не влезе во стартната петорка на Западот. Сонароднците на Пачулија биле многу активни во гласањето, како некогаш Кинезите за Јао Минг.

Многумина оваа промена ја нарекоа „Правилото на Заза“.

Пачулија минатата година доби само 14.000 гласови помалку од Каваи Ленард, кој се наjде во стартните пет на Западот.

Иако минатата сезона во просек по натпревар постигнуваше по осум поени, Пачулија во гласањето за Ал Стар натпреварот доби повеќе гласови од ѕвездите Блејк Грифин, Тим Данкан, Ентони Дејвис, Двајт Хауард, Дирк Новицки.

Ал Стар натпреварот во сезоната 2016/2017 ќе се одигра на 19.февруари наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП